Активности на Ангелов за подготовка пред сезоната на пожари
- Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со сопственикот на компанијата „Римин еар“, Раде Ивановски, кој е пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можностите за основна обука на „ер трактори“.
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со сопственикот на компанијата „Римин еар“, Раде Ивановски, кој е пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можностите за основна обука на „ер трактори“.
Ангелов истовремено се сретна со тројца можни кандидати за пилоти на „ер трактори“, кои имаат над 300 авиочасови во спортско летање. Притоа тој имаше извидувачки лет со еден од кандидатите за пилот на „ер трактор“ над штипскиот реон - соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
Во овој момент, како што се посочува, ДЗС има пет пилоти на „ер трактор“, еден авион е сервисиран и е на аеродром функционален и два се на сервис, кои се очекува да пристигнат сервисирани и подготвени за употреба овој месецо, а најдоцна во мај, со што поподготвено ќе се пречека летната сезоната на пожари на отворено. рп/вг/
Фото: МИА архива