Честитка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ, по повод Меѓународниот ден на Ромите
- Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница со порака за почит, еднаквост и заеднички напредок.
Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница со порака за почит, еднаквост и заеднички напредок.
- Меѓународниот ден на Ромите претставува значаен датум за оддавање почит на идентитетот, културата и придонесот на ромската заедница во општеството. Македонија останува посветена на унапредување на еднаквите права и можности за сите граѓани, како и на градење општество на единство, заедништво и меѓусебна почит, без поделби по која било основа. Министерството за односи меѓу заедниците ќе продолжи со активни политики насочени кон зајакнување на положбата и вклученоста на ромската заедница во сите општествени процеси. На сите припадници на ромската заедница им го честитам 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите - стои во честитката на Стоилковиќ. рп/вг/
Фото: МИА архива