• сабота, 17 август 2024

Парламентот на Венецуела усвои закон за регулација на невладините организации

Парламентот на Венецуела усвои закон за регулација на невладините организации

Каракас, 16 август 2024 (МИА) – Парламентот на Венецуела едногласно го изгласа предлог-законот за регулирање на невладините организации односно да пријават дали се финансираат од странство.

Но, во законот не е прецизирано кои мерки ќе бидат преземени ако невладината организација е финансирана од странство.

- Организациите кои промовираат фашизам, нетолеранција или омраза на расна, етничка, верска, политичка, социјална, идеолошка или родова основа нема да смеат да се регистрираат во земјата, се наведува во законот.

Претходно, Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк ги повика властите во Венецуела да не ги усвојуваат „овие или други закони кои го поткопуваат граѓанскиот и демократскиот простор“.

Законот, кој ќе бара од невладините организации да пријават дали добиваат донации од странство, беше предложен во 2023 година од Диосдадо Кабело, вториот човек на Венецуелската Обединета социјалистичка партија, која е дел од владејачката коалиција. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан