• вторник, 03 декември 2024

Израелски безбедносни извори тврдат дека повеќе нема воени цели во Газа

Израелски безбедносни извори тврдат дека повеќе нема воени цели во Газа

Ерусалим, 17 август 2024 (МИА) - Два неименувани израелски извори му рекле на јавниот сервис Кан дека бригадите на Хамас во Рафа во Појасот Газа „речиси повеќе не постојат“, што значи дека има многу малку воени цели, објави денеска пан-арапскиот медиум Ал-Араби Ал-Џадид, со седиште во Лондон, пренесе Бета.

Сепак, истите извори рекоа дека Израел може „да се врати и повторно да влезе во Појасот кога ќе бидат достапни нови разузнавачки информации, но дека, генерално кажано, воените операции во Газа се завршени“.

Израелскиот јавен сервис Кан објави дека армијата веќе ги информирала политичарите во претходните денови дека бригадите Рафа на Хамас биле поразени, наведува Бета.

Израелските безбедносни претставници, наводно, го информирале политичкото раководство дека „дојде време да се склучи договор за размена на затвореници, бидејќи повеќето борбени единици на Хамас се уништени“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан