• вторник, 03 декември 2024

Преговарачкиот тим на Израел изразува „внимателен оптимизам“ за можен договор за заложниците во Газа

Преговарачкиот тим на Израел изразува „внимателен оптимизам“ за можен договор за заложниците во Газа

Тел Авив, 17 август 2024 (МИА) - Израелскиот преговарачки тим изрази „внимателно оптимистички“ напредок во договорот за ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската исламистичка група Хамас во Појасот Газа, објавија британските медиуми, цитирајќи изјава од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

-Тимот му изрази внимателен оптимизам на премиерот за можноста да се придвижи напред кон договор врз основа на последниот предлог на САД, се вели во соопштението.

Кабинетот на Нетанјаху додаде дека се надева на силен притисок од американските и меѓународните посредници врз Хамас, со цел вооружената група да се откаже од своите приговори на американскиот предлог и да ја отвори можноста за пробив. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан