• вторник, 02 јули 2024

Пандев: Веќе 20 години нивото во Серија А е намалено, затоа постарите фудбалери како мене, Ибрахимовиќ и Киелини играат толку добро

Пандев: Веќе 20 години нивото во Серија А е намалено, затоа постарите фудбалери како мене, Ибрахимовиќ и Киелини играат толку добро
Парма, 23 март 2022 (МИА) – Македонскиот фудбалер Горан Пандев објасни зошто повозрасните играчи се покажуваат во добро светло во Серија А. - Има многу добри млади играчи во Италија и не е лесно да се освои Европското првенство победувајќи ја Англија на домашен терен. Манчини и неговиот тим испишаа многу добра страница во историјата. Но, во споредба со тоа што беше пред 20 години, кога дојдов на ова првенство, техничкото ниво е намалено. Затоа многу стари играчи како мене, Ибрахимовиќ, Киелини и Кваљарела играат толку добро, изјави Пандев. Триесет и осумгодишниот Пандев во својата кариера во Италија има играно за Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Џенова. Пандев вториот дел од сезоната 2021/22 настапува во Серија Б за Парма. зс/

Остани поврзан