• понеделник, 23 декември 2024

Отстранети диви депонии во скопските општини Ѓорче Петров и Чаир

Отстранети диви депонии во скопските општини Ѓорче Петров и Чаир

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје подигнале и транспортирале 30 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Ѓорче Петров и Чаир.

Како што информира  „Комунална хигиена“ - Скопје, почнати се активности за отстранување поголемо количество непрописно одложен кабаст, мешан комунален и отпад од картонски пакувања на улицата „Лихнида“ во општината Ѓорче Петров. Активностите за расчистување на оваа локација, како што е најавено, ќе продолжат и во текот на денешниот ден.

Расчистени се и неколку помали диви депонии лоцирани на улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ во општината Чаир, каде се подигнати приближно 20 кубни метри градежен и кабаст отпад одложени на јавни и на сообраќајни површини. мд/са/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје 

Остани поврзан