• петок, 19 април 2024

Отворена првата сензорна соба во средните училишта на Град Скопје

Отворена првата сензорна соба во средните училишта на Град Скопје

4 март 2024

Во рамки на реализација на  проектите од програмата „За модерно Скопје“ во која е предвидена поддршка за средношколците со попреченост, се отвори првата сензорна соба во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“. Сензорните соби во рамките на средните училишта ќе им овозможат полесен и современ тек на образовниот процес на средношколците со попреченост. 

Град Скопје инвестира во активности и обука на стручни лица за реализација, со цел да се овозможи бенефит на сите граѓани на Скопје, а проектот продолжува со имплементација и во останатите образовни установи. Сензорните соби се дел од континуираните заложби за подобрување на условите за интеграција во средните училишта, покрај стипендиите кои се доделуваат редовно секоја година со цел инклузија во образовниот процес.


Одделение за односи со јавност
Град Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан