• понеделник, 08 јули 2024

Отворена изложбата „Зимски салон“ на 46 автори од Здружението на ликовни уметници во Тетово

Отворена изложбата „Зимски салон“ на 46 автори од Здружението на ликовни уметници во Тетово
Тетово, 20 ноември 2022 (МИА) - Здружението на ликовни уметници на град Тетово вчера во просторите на Уметничката галериа во Тетово ја отвори колективната ревијална изложба „Зимски салон“ за 2022 година. Пред љубителите на уметноста се претставија 46 уметници со 46 уметнички дела, од областа на сликарството, скулптурата, графиката, графичкиот дизајн и фотографијата. Отворањето на изложбата го изврши професорката по графички дизајн Нора Халими која потсети дека крајот на годината Здружението на ликовни уметници на град Тетово секогаш го завршува со своја годишна изложба давајќи пристап до јавноста да види што се случува во  ателјеата на уметниците. -Зимскиот салон останува оаза на дискурси, медиуми и уметнички техники. Сликарството и натаму доминира како медиум, но има и други уметнички форми и изрази. Општо земено, делата на ова издание на Зимскиот салон, повеќе од изјави или уметнички ставови, се рефлексивни пристапи, моментални експлозии или дури и плач кој потекнува од искуство, емоции, инспирација. Малкумина од нив изразуваат револт или иронија кон неможноста, искривувањата и општествените пречки. Како резултат на тоа, тие повеќе личат на монолози, со покана за искуство, наместо покана за дијалог и реакција од рецепторот, публиката, порача на отворањето Нора Халими. Изложбата ќе биде отворена пет дена и љубителите на уметноста ќе можат да ги видат мотивите на уметниците во комбинација со визуелни симболи кои носат различни пораки. ас/мч/

Остани поврзан