Осум месеци затвор за три лица кои го навредуваа Винисиус на расистичка основа
- Тројца приврзаници на Валенсија кои го навредуваа играчот на Реал (Мадрид) Винисиус Јуниор на расна основа за време на натпреварот помеѓу двата тима на „Местаља“ на 21 мај, беа осудени во понеделникот на 8 месеци затвор и 2-годишна забрана за влез на фудбалски стадиони.
Валенсија, 10 јуни 2024 (МИА) - Тројца приврзаници на Валенсија кои го навредуваа играчот на Реал (Мадрид) Винисиус Јуниор на расна основа за време на натпреварот помеѓу двата тима на „Местаља“ на 21 мај, беа осудени во понеделникот на 8 месеци затвор и 2-годишна забрана за влез на фудбалски стадиони.
На крајот на мај средбата помеѓу Валенсија и Реал беше прекината на неколку минути поради расистички навреди кон членот на бразилската репрезентација. Тој покажа на еден од своите агресори, а благодарение на камерите на стадионот, уште двајца навивачи беа идентификувани и приведени.
Ова е прва ваква пресуда во Шпанија.
-Оваа пресуда е одлична вест за борбата против расизмот во Шпанија. Тоа е предупредување за сите кои ќе дојдат на стадион да навредуваат, дека ќе бидат препознаени и казнети, најави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас. дс
Фото: Архива