• понеделник, 23 декември 2024

Фудбалерите на Манчестер jунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане во тренерскиот штаб по пристигнувањето на Аморим

Фудбалерите на Манчестер jунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане во тренерскиот штаб по пристигнувањето на Аморим

Манчестер, 5 ноември 2024 (МИА) - Фудбалерите на Манчестер јунајтед очекуваат дека вршителот на должноста тренер на тимот, Руд ван Нистелрој ќе продолжи да работи во клубот.

Според „Sky Sports“, на играчите им се допаѓа начинот на кој 48-годишниот Ван Нистелрој комуницира со нив. Играчите сакаат да го гледаат Холанѓанецот како врска меѓу нив и новиот стручен штаб.

Холанѓанецот стана вршител на должноста главен тренер на тимот по отпуштањето на Ерик тен Хаг на крајот на октомври. Тој се приклучи на тренерскиот штаб на Манчестер јунајтед во текот на летото. 

Пред пет дена, клубот од „Олд Трафорд“ објави дека тренерот на Спортинг од Лисабон, Рубен Аморим на 11 ноември ќе ја преземе тренерската функција во Манчестер јунајтед. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан