• петок, 22 ноември 2024

Основците од Ѓорче Петров освоија прво и второ место на општинско натпреварување - Црвен крст 2023

Основците од Ѓорче Петров освоија прво и второ место на општинско натпреварување - Црвен крст 2023

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - Децата од основните училишта од општина Ѓорче Петров освоија прво и второ место на Општинскиот натпревар по прва помош-2023 во организација на Црвениот крст.  

Како што информира Општина Ѓорче Петров, од 27 екипи, по седум ученици во тим, основците од ООУ „Мирче Ацев“ го освоија првото место, додека ООУ „Тихомир Милошевски“ второто место.

Победниците на натпреварувањето денеска имаа средба со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски, кој им честиташе на децата и кадарот кој работи со нив.

-Честитки за овие амбициозни и прекрасни деца кои ги добија сите пофални зборови и од организаторот на натпреварувањето, како одлични репрезенти на училиштата. Од нашата општина пријавени беа сите шест училишта и пристапија доста сериозно и одговорно кон натпреварувањето. Освен натпреварувачки карактер, целта беше и запознавање на децата со првата помош и ингеренциите на Црвениот крст, рече Стојкоски.

Тој изрази задоволство затоа што годинава првпат е остварен ваков вид соработка со Црвениот крст-Карпош и за оставрениет резултати. 

-Ова е еден од начините заедно со ваквиот тип организации, како што е Црвениот крст да ги поттикнеме најмладите да го засакаат и практикуваат волонтерството како една доста хумана гранка која честопати е од голема помош. Се надевам дека дел од овие ученици понатаму хумано ќе делуваат во средините каде што ќе има потреба од делување, подвлече Стојкоски.

Општинското натпреварување беше на ниво на општините Ѓорче Петров, Карпош и Сарај. Првопласираната екипа оди директно на градското натпреварување кое ќе се одржи на 15-ти јуни. са/мд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан