Општина Ѓорче Петров започна со реконструкција на 13 краци на улицата „Алексо Демниевски“
- СООПШТЕНИЕ/ Општина Ѓорче Петров започна со амбициозна реконструкција на 13 краци на улицата Алексо Демниевски, во рамки на градежната офанзива која целосно ќе ја трансформира оваа населба. Ова е прв пат да се изведе ваква обемна интервенција на оваа локација, со вкупна должина од 3.000 метри и површина од 11.350 m².

Скопје, 24 февруари 2025
Општина Ѓорче Петров започна со амбициозна реконструкција на 13 краци на улицата Алексо Демниевски, во рамки на градежната офанзива која целосно ќе ја трансформира оваа населба. Ова е прв пат да се изведе ваква обемна интервенција на оваа локација, со вкупна должина од 3.000 метри и површина од 11.350 m².
Инвестицијата, вредна 15.000.000 денари, ќе донесе современи услови за жителите на урбаната заедница Мирче Ацев, особено во познатото Диво Маало, кое децении беше симбол на запоставеност. Новиот асфалт, подобрената инфраструктура и модерните решенија ќе ги зголемат удобноста и безбедноста на локалните жители.
„Оваа инвестиција е дел од нашата визија за модерен и функционален Ѓорче Петров. Со реконструкцијата на Алексо Демниевски, сакаме да ги подобриме условите за живеење на нашите граѓани и да им покажеме дека нивните населби се наш приоритет. Ова е само еден чекор од многуте што ги планираме – нашата цел е целата општина да стане поповолна, поубава и попријатна за живеење, истакна Градоначалникот Стојкоски
Реконструкцијата на улицата Алексо Демниевски е дел од поширокиот план на Општина Ѓорче Петров за подобрување на инфраструктурата и поддршка на локалните заедници. Очекувањата се дека проектот ќе биде завршен во наредните месеци, а жителите веќе изразија задоволство од почетокот на работите.
Оваа акција е јасен показател дека Ѓорче Петров оди напред, со фокус на подобрување на секојдневниот живот на своите граѓани.
Општина Ѓорче Петров
Фото: Општина Ѓорче Петров
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.