• четврток, 27 јуни 2024

Општина Чашка со нови обиколници кон три планински села

Општина Чашка со нови обиколници кон три планински села

Велес, 21 октомври 2023 (МИА) - Општина Чашка деновиве jа заврши обиколницата за село Горно Јаболчиште, во тек е изградбата на обиколница за село Мелница, а за селото Долно Јаболчиште ќе се гради наредната 2024 година, информира за МИА, Горан Стојановски градоначалник на Општина Чашка. Тој потенцира дека  овие  три  обиколници се многу значајни за жителите од овие три планински села во Општина Чашка.

-Со изградбата на обиколниците ќе се растерети сообраќајот во овие три живи и густо населени села во општината и со тоа на жителите ќе  им се овозможи побезбедно движење низ сепата, потенцира  Стојановски.

Тој информира дека за обиколницата во село Мелница патот веќе е пробиен и е поставено бетон на едниот од двата крака во должина од 250 метра. Инаку обиколницата кон ова село  со два крака ќе биде  со вкупна  должина од еден километар

-Асфалтирање на обиколницата кај планинското село Горно Јаболчиште во Општина Чашка,  е на   потегот од новиот мост на влезот во селото па  се до мостот во близина кај селската џамија во центарот на селото. Обиколницата е  со вкупна должина од околу 500 метри со широчина од 3,5 метри, информира градоначалникот  Стојановски.

Воедно, тој појасни дека по распишаната тендерска постапка од страна на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион  инвестиција е со вредност од околу 5.3 милиони  денари, средствата беа  обезбедени од Биро за регионален развој, а изведувач на работите беше  фирмата „Ленди груп“ од Скопје.

-Со обиколницата веќе  се растерети сообраќајот во селото Горно Јаболчиште со 3 500 жители и  се обезбеди нивно побезбедно движење низ селото, потенцира градоначалникот Стојановски.

Инаку оваа обиколница беше пробиена пред две години и беше изграден премин преку реката Тополка, кој се наоѓа на влезот на селото Горно Јаболчиште.

-Воедно за обиколницата за село Долно Јаболчиште која ќе се гради наредната 2024 година, патот е веќе пробиен, информира Стојановски. ад/дма/

 

Фото: Општина Чашка

Остани поврзан