• петок, 05 декември 2025

Општина Ранковце изврши прочистување на одводните канали

Општина Ранковце изврши прочистување на одводните канали

Ранковце, 19 ноември 2025 (МИА) - Со цел заштита од поплави во периодот на најавените обилни врнежи, деновиве Општина Ранковце изврши детално прочистување на одводните канали во повеќе населени места и села во општината.

- Поради обилните врнежи од дожд нашите комунални служби деновиве интензивно работат на терен. На критичните локации каде што постоеше реална потреба, извршивме прочистување на одводните канали во селата; Псача, Петралица и Опила. Со ова се обезбедува непречено одведување на водата и се намалува ризикот од излевања и локални поплави, информира градоначалникот Даниел Павловски.

Ова се, рече, дел од редовните програмски активности,но и интервенција со цел навремено реагирање каде што е најпотребно, во интерес на безбедноста на сите жители.

Најави дека и во текот на наредните денови ќе се изврши прочистување на одводни канали во останатите населени места.ид/

Фото: Општина Ранковце 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан