• понеделник, 15 декември 2025

Општина Пехчево со нови инфраструктурни проекти за подобрување на локалниот развој

Општина Пехчево со нови инфраструктурни проекти за подобрување на локалниот развој

Пехчево, 14 јули 2025 (МИА) – Општина Пехчево преку Бирото за регионален развој и Министерството за транспорт и врски обезбеди финансиски средства за реализација на повеќе инфраструктурни проекти од локално значење. Дел од проектите се реконструкција на домот во село Панчарево, рехабилитација на патот во село Умлена и изградба на дел од улица во индустриската зона Чуката.

Реконструкција на домот во село Панчарево, ќе се спроведе со поддршка од Бирото, како дел од програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби. Планирана е и реконструкција и рехабилитација на постоечкиот пат во село Умлена, при што Општината ќе учествува со сопствени средства во половина од вредноста на проектот. Во рамки на развојот на урбаните зони, ќе се изгради дел од улица во индустриската зона Чуката во Пехчево, со исто така учество од страна на општината.

Покрај овие иницијативи, градоначалникот Александар Китански денес во просториите на Министерството за транспорт и врски потпиша договор за реконструкција и рехабилитација на локалниот пат што ги поврзува селата Робово и Умлена. Овој проект е финансиран преку Потпрограмата АА за 2025 година.

– Со реализацијата на овие проекти испраќаме јасна порака дека континуирано работиме на унапредување на инфраструктурата, подобрување на условите за живот и зголемување на туристичко-економскиот потенцијал на општината. Нашата цел е поудобен, побезбеден и поквалитетен живот за сите жители – изјави градоначалникот Китански за МИА.

Проектите ќе започнат веднаш по завршувањето на тендерските постапки и се дел од долгорочната стратегија за одржлив и рамномерен развој на Пехчево. вс/ар
Фото: Општина Пехчево

Остани поврзан