Општина Куманово ќе го измени линискиот превоз во интерес на учениците од село Студена Бара
- Општина Куманово ќе го коригира линискиот превоз за да одговори на потребите на учениците од Студена бара кои патуваат за настава во соседното село Пчиња, информираа денеска од општината.
Куманово, 21 септември 2023 (МИА) - Општина Куманово ќе го коригира линискиот превоз за да одговори на потребите на учениците од Студена бара кои патуваат за настава во соседното село Пчиња, информираа денеска од општината.
Од општината велат дека е одржан состанок со превозници и е договорена корекција на превозот.
- Запознаени сме со проблемот во врска со превозот на учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ подрачно училиште село Студена Бара кои настава изведуваат во подрачно училиште во село Пчиња. Во општината е одржан состанок со превозниците, при што е договорена корекција на линискиот превоз на оваа релација, во интерес на учениците, информираа од општината.
Вчера, родителите на учениците од село Студена Бара во изјавата за медиумите кажаа дека нивните деца патуваат со линиски, наместо со училишен превоз. Родителите бараа овој проблем да се надмине, бидејќи линискиот превоз несоодвествува со почетокот и завршувањето на училишните часови. Родителите кажаа учениците доцнат на часовите поради немање превоз.
Двете села се оддалечени три и пол километри. ам/цр
Фото: МИА