• четврток, 27 јуни 2024

Општина Кочани ќе додели две стипендии за млади надежни спортисти

Општина Кочани ќе додели две стипендии за млади надежни спортисти

Кочани, 20 март 2023 (МИА) – Општина Кочани ќе им додели едногодишни стипендии на двајца млади и надежни спортисти во машка и женска конкуренција, кои имале забележителни спортски резултати и достигнувања во текот на 2022 година.

Jавниот повик за пријавување на кандидатите веќе тече и можат да учествуваат спортисти кои се жители на општина Кочани и се на возраст од 17 до 20 години. Услов е да членуваат во спортски клуб, друштво или асоцијација која е регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение за вршење спортска дејност.

-Кандидатите треба да се членови на национални спортски федерации, спортисти во индивидуални и во екипни спортови, учесници на национални или на меѓународни систем натпревари во борење, велосипедизам, гимнастика, карате, кошарка, скијање, тенис, триатлон, фудбал, шах и уште триесетина други дисциплини. Месечниот износ на стипендијата е три илјади денари и ќе доделува во периодот од март до декември. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Кочани, а исто лице не може да добие стипендија во две последователни календарски години, освен ако е поднесена само една прифатлива пријава за стипендирање, истакнуваат од Секторот за општи, правни и јавни дејности на Општина Кочани.

Рокот за поднесување на потребната документација е до 24 март, a постапката за доделување стипендија на спортист - спортска надеж е уредена со Правилник според кој изборот ќе го спроведе комисија.

Целосната објава со условите, критериумите, потребната документација и начинот за поднесување на пријавите за доделување на стипендијата се објавени на веб-страницата на Општина Кочани. та/дма

 

фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан