• петок, 28 јуни 2024

Силниот дожд предизвика помали одрони на патиштата во дебарскиот регион, се препорачува внимателно возење

Силниот дожд предизвика помали одрони на патиштата во дебарскиот регион, се препорачува внимателно возење

Дебар, 27 јуни 2024 (МИА) - Силниот дожд што го зафати дебарскиот регион е добредојден за земјоделските посеви,  но предизвикува одрони на патиштата во ова подрачје, поради што се препорачува внимателно возење.

- По обилниот дожд видна е појавата, засега, на помали но чести одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози се препорачува внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачуваат од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта.

Екипи на секцијата се постојано на терен, со цел навремено расчистување и безбедно одвивање на сообраќајот.

Под надлежност на оваа секција се патишта во должина од над 110 делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа.

Вообичаено на патниот правец Дебар – Маврово најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“, на патот кон Струга кај месноста „Три чешми“(Манастирец) како и месноста „Кокошкина краста“ на патот Мелнички Мост-Центар Жупа. вт

Фото: МИА 

Остани поврзан