• вторник, 26 ноември 2024

Современа фитнес сала добија вработените во „Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани

Современа фитнес сала добија вработените во „Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани

Кочани, 27 јуни 2024 (МИА) – Во рамки на грижата за своите вработени, компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ денеска отвори фитнес сала со современа опрема за физички и кондициски вежби.

Објектот е лоциран во кругот на производниот погон „АХЦ“ и ќе можат да го користат сите вработени кои сакаат активности за подобрување и унапредување на сопственото физичко здравје.

-Станува збор за комплетно наша инвестиција и сите вработени во компанијата ќе можат да ја користат оваа привилегија. „Амфенол“ помага на целата општествена заедница, но приоритет пред сè е здравјето и грижата за благосостојбата на сите наши вработени. Со отворањето на овој простор, промовираме здрав начин на живeење, развивање на здрави животни навики, затоа што само здрав поединец е среќна, ефикасна личност, не само во професионалниот, туку и во приватниот живот. Многумина од луѓето аплицираат за работа овде поради сознанието дека доаѓаат во сигурна и безбедна компанија, што се грижи за здравјето на секој вработен, а тоа го сметаат за една од најголемите привилегии, истакна Валентина Андовска од „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Покрај редовното осигурување, минатата година беше обезбедено и дополнително приватно здравствено осигурување, што компанијата го плаќа за сите над 3.000 вработени. Со тоа тие можат бесплатно да се лекуваат во која било јавна или приватна клиника во државата.

Услугите на новоотворената фитнес сала вработените во компанијата ќе можат да ги користат бесплатно, со закажување преку електронска апликација, а од „Амфенол Технолоџи Македонија“ најавија дека нскоро ќе следуваат слични активности за грижа за здравјето на сите работници.  та/дма/

 

фото: МИА

Остани поврзан