• сабота, 13 јули 2024

Општина Берово со парична поддршка за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Општина Берово со парична поддршка за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Берово, 15 февруари 2023 (МИА) - Советот на Општина Берово на денешната седница додели 150.000,00 денари за настраданите граѓани, во земјотресот во Турција и Сирија. На седницата која имаше хуманитарен карактер, советниците едногласно донесоа одлука,  дека се откажуваат од надоместокот, кој им следува согласно Законот за одржување  седници.

Одлуката во име на Советот на Општина Берово ја соопшти претседателката Марија Буровска.
 
 -Со длабоко жалење и вознемиреност,  ја примивме веста, за катастрофалниот земјотрес во Турција, која пристигна утрото на 06.02.2023 година. Секојдневно преку медиумите, ги следиме страшните слики и се молиме, да се спасат повеќе луѓе. Како и сите, така и ние, советниците во Советот на Општина Берово,  сочувствуваме и сакаме да помогнеме и да овозможиме на преживеаните полесно да ги пребродат овие тешки моменти , да можат да се стоплат, нахранат, облечат и да си обезбедат свој топол дом, истакна Буровска.
 
Во име на Советот на Општина Берово упати искрено сочуство до семејствата на загинатите, апелирајки дека секој треба да помогне во таквите тешки моменти и сите да се вклучат во светската кампања, за помош на настраданите. 
-Свесни сме дека ништо не може да ги надомести изгубените животи, не согласно можностите на нашата општина , искажуваме сочуство и сакаме да помогнеме, додаде Буровска.
 
Претходно одлука за парична поддршка на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија донесе и Советот на Општина Делчево. вс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан