• недела, 22 декември 2024

Георгиевска-Јовевска, една од најуспешните жени менаџерки на средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Георгиевска-Јовевска, една од најуспешните жени менаџерки на средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Скопје, 13 јули 2024

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова на 13.07.2024 година во “Вила Билјана” во Охрид, оствари средба со наградените од страна на агенцијата “Марили” жени претприемачки за 2024 година, настан кој во нашата земја традиционално секоја година ги истакнува најуспешните жени.

На средбата со претседателката Сиљановска Давкова, д-р Јелисавета Георгиевa Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка во Кабинетот на претседателот на Комора за економски развој и инфраструктура, истакна дека со
оваа средба претседателката на РСМ дава поддршка и го поттикнува квалитетот
кој со упорна работа и многу вложен труд излегува на виделина.

Георгиева Јовевска на средбата која имаше цел да се поттикне вложувањето во
себе, постојаната едукација, способностите и позицијата која жените ги имаат во
нашата земја и кои нималку не се поразлични од оние во западните земји, подвлече
дека во целиот 22 годишен период додека работи во Стопанската комора на
Македонија ниту еднаш не се почувствувала инфериорно поради тоа што е жена,
туку напротив, во рамноправна борба каде преовладува квалитетот и знаењето а
не полот, националната припадност или друго, покажала и докажала дека може да
се постигнат високи достигнувања.

Високи достигнувања можат да се постигнат доколку една личност има доволно
самодоверба, многу знаење, постојана надоградба, етичност и морал од една
страна но и упорност и истрајност од друга страна да ги надмине сите предизвици
и да стигне до целта. При тоа, кога се работи за жена, да не се занемари можеби
најважната улога која по природа една жена ја има, а тоа е во исто време освен
професионално рамноправно да чекори и да се бори да биде и силна потпора и
столб на семејството.

Претседателката Сиљановска Давкова ја потврди поддршката за сите жени кои
преку свој труд и макотрпна работа претставуваат пример и мотив за младите
генерации кои добро е да се задржат тука бидејќи нашата држава има потенцијал
кој треба да се искористи.

Стопанска комора на Северна Македонија

_____________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан