• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Апасиев како претседател на собраниската Анкетна комисија најавува соработка со експерти и невладиниот сектор

Левица: Апасиев како претседател на собраниската Анкетна комисија најавува соработка со експерти и невладиниот сектор

Скопје, 13 јули 2024 

По однос на работата на Анкетната комисија со која раководи пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, тој истакна дека Анкетната комисија, којашто е уставна категорија за разлика од сите други комисии во Собраниево, има институции со кои може да соработува.
 
- Еве, јас издвоив неколку: Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, Антикорупциска, Антидискриминаторска, Омбудсман, Биро во Стразбур пред Европски суд, има основ, ние како нов Парламентарен состав, во иднина да држиме заеднички расправи - појасни Апасиев во своето процедурално обраќање на Собраниската седница.
 
- Сакаме да воспоставиме една поинаква политичка култура во иднина, а тоа е да даваме акцент на овие извештаи, бидејќи не се про форма. Овие луѓе работат, и те како имаат експертиза, и те како треба ние како пратеници да ги сослушаме, и да ги имплементираме нивните забелешки годишно - истакна Апасиев.
 
Според Апасиев, има простор за подобрување на политичката култура која досега се негуваше. 
 
- Таа политичка култура значеше дека овие извештаи беа проформа разгледувани досега во Собранието. Без стручна јавност, без експертиза, без невладин сектор - заклучи Апасиев.

Остани поврзан