• четврток, 01 август 2024

ОИ: Одбиена жалбата на Фудбалската федерација на Канада

ОИ: Одбиена жалбата на Фудбалската федерација на Канада


Лозана, 31 јули 2024 (МИА) – Судот за спортска арбитража (CAS) денеска ја отфрли жалбата на одлуката со која ФИФА ја казни женската канадска фудбалска репрезентација со одземање шест бодови на турнирот на Олимписките игри (ОИ) во Париз поради шпионажа.
CAS соопшти дека нејзиниот совет од тројца судии ја отфрлил жалбата на Фудбалската федерација на Канада и ја потврдил казната.
Казната дојде откако двајца помошници тренери на Канада користеа дронови за да го шпионираат тренингот на Нов Зеланд, првиот противник на Канада на Олимпијадата.
Канада во првото коло го совлада Нов Зеланд, а во второто Франција. ег ФОТО: Икс
 

 

Остани поврзан