• петок, 02 август 2024

Македонските кошаркари ја совладаа Украина за петта победа во низа на ЕП Б-дивизија

Македонските кошаркари ја совладаа Украина за петта победа во низа на ЕП Б-дивизија

 

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) – Македонската репрезентација со триумф вечерва над Украина од 83-72 ја продолжи победничката серија и со максимален ефект го завери првото место во групната фаза на Европското првенство во Б-дивизијата за кошаркари до 18 години кое се одржува во Скопје.

Македонската репрезентација до петтата победа во завршното петто коло во групата Ц ја предводеа Јаничиќ со 21 поени и Кириловски кој уфрли поен помалку.

Противник на македонските кошаркари во четвртфиналето ќе биде Португалија, која заврши второпласирана со групата Д.

Португалците во групната фаза триумфираа над Грузија (67-50) и Велика Британија (81-52), а претрпеа порази од Австрија (52-60) и Норвешка (71-76). ег ФОТО: КФСМ

Остани поврзан