• четврток, 01 август 2024

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен


Париз, 31 јули 2024 (МИА) – Напаѓачот на француската репрезентација и на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Килијан Мбапе, стана мнозински сопственик на францускиот фудбалски второлигаш Каен.
Мбапе купи 80 отсто од акциите на клубот преку неговиот инвестициски фонд Coalition Capital, додека Пјер-Антоан Каптон, актуелниот претседател на Надзорниот одбор, ќе остане малцински акционер со удел од 20%.
Клубот од стадионот Мишел д’Орнано досега беше во сопственост на американскиот инвестициски фонд Оактри.
Се шпекулира дека трансакцијата е вредна околу 15 милиони евра.
Последен пат Каен играше во француската Лига 1 во сезоната 2018/19. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан