• петок, 22 ноември 2024

Одземени близу седум илјади парчиња пиротехнички средства, лишени од слобода три лица во Гостиварско

Одземени близу седум илјади парчиња пиротехнички средства, лишени од слобода три лица во Гостиварско

Гостивар 20 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение Галате вчера во три трговски објекти во гостиварските села Неготино и Добридол пронашле и одзеле вкупно 6.964 парчиња разновидни пиротехнички средства, информираат од СВР Тетово. 

По акцијата лишени од слобода се три лица. 

- Во периодот од 16 часот и 50 минути до 19 часот и 10 минути ги лишиле од слобода И.Д.(61) со одземени 3826 парчиња и Х.Ј.(49) со одземени 2895 парчиња, двајцата од Неготино и го привеле Г.Р.(60) од Добридол со одземени 243 парчиња, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Пронајдените пиротехнички средства се фотодокументирани и по целосно документирање на случајот против трите лица ќе следуваат соодветни поднесоци.

Во последните две акции во Полошкиот регион одземени се над 15 илјади парчиња притехнички средства, најмногу петарди, мали огномети и слично. згм/мд/

Фото: СВР Тетово

 

Остани поврзан