• сабота, 18 мај 2024

Одбележана 47 - годишнината на Општина Карпош, Никола Софијанов и Влада Урошевиќ заслужни граѓани на Карпош

Одбележана 47 - годишнината на Општина Карпош, Никола Софијанов и Влада Урошевиќ заслужни граѓани на Карпош

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - По повод одбележување на 47- годишнината од основање на локалната самоуправа, вчеравечер во Драмскиот театар – Скопје се одржа свечена академија на која Никола Софијанов, истакнат здравствен работник, педијатар и детски невролог, како и академикот Влада Урошевиќ, истакнат поет, прозен автор, преведувач, есеист, критичар и антологичар беа прогласени за заслужни граѓани на Карпош.

Во оваа пригода, градоначалникот Стевчо Јакимовски им ги врачи плакетите на Софијанов за неговиот извонредно голем придонес во афирмацијата  на детската неврологија, како и на академик Урошевиќ за извонредно големиот придонес во полето на литературата и книжевната наука.

Како што соопшти Општина Карпош, Јакимовски рече дека е дојдено време кога треба да се размислува за квалитетни решенија во инфраструктурата, но и во делот на урбанизмот. Според него, запирање на инфраструктурните проблеми и урбанистичките планови е обид да се запре животот во Карпош, односно неговиот развој.

-Во оваа пригода сакам да изразам благодарност на соработката со Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија, затоа што плод на таа соработка е реконструкцијата на спортската сала Партизан 4, отпочнување на изградбата на новиот базен, изградбата на новите занимални во градинката Орце Николов, реконструкцијата на булеварот Манапо, мостот на улица Љубљанска преку реката Вардар, а на Градот Скопје за изградбата на кружниот тек на улицата Скупи и клучката на истоимената улица, како и пристапниот пат на улицата Љубљанска. Очекувам заедно со градоначалничката на Град Скопје, госпоѓата Арсовска, наредната година конечно да се изгради паркот во Карпош 4 на булеварот Илинден кој ќе се протега на неколку хектари, а чија што изградба чека на наша одлука, истакна градоначалникот Јакимовски.

Во рамки на манифестацијата беа доделени и други награди на административни работници во општината и награди во полето на спортот, а настапуваа и ученици од основни училишта повеќе културно-уметнички програми. сх/ев/

Фото: Општина Карпош

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан