• вторник, 02 јули 2024

Одбележани 23 години од загинувањето на војникот Толев на Тетовско кале 

Одбележани 23 години од загинувањето на војникот Толев на Тетовско кале 

Кавадарци, 1 јули 2024 (МИА) - Дваесет и три години од загинувањето на војникот Блашко Толев на Тетовско кале, за време на воениот конфликт во 2001 година, беа одбележани денеска во неговото родно село Марена, општина Кавадарци.

Пред спомен бистата на Толев, бројни делегации положија свежо цвеќе. Толев загинал на само неколку дена од завршувањето на својата редовна  воена обврска.

Роден бил на 30 март 1981 година. Како припадник на АРМ, на само дваесет години  загина во воениот конфликт, од минофрлачка граната.

Постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Република Македонија. свд/цр


Фото : МИА 

Остани поврзан