• сабота, 23 ноември 2024

ОВККИПС со превентивни активности за превенција од корупција и за заштита на човековите права

ОВККИПС со превентивни активности за превенција од корупција и за заштита на човековите права

Скопје, 8 април 2024 (МИА) - На граничните премини Долно Блаце, Табановце и Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола (ОВККИПС) во текот на вчерашниот ден ги запознале граѓаните со надлежностите на Одделот и начинот на кој можат да ги остварат своите права при поднесување на претставки против вработени во МВР.

Преку директна комуникација и делење на информативен материјал, изработен од страна на Еуротинк – Центар за европски стратегии, граѓаните биле информирани за процедурите и можностите за пријавување на случаи на корупција или неправилно однесување на вработените во МВР.

Како што информираат од МВР, станува збор за активности за превенција од корупција, заштита на човекови права и јакнење на интегритетот на вработените во Министерството за внатрешни работи кои биле спроведени од (ОВККИПС).

Целта на оваа превентивна активност на ОВККИПС е да ја подигне свеста кај граѓаните за начините на заштита на нивните права и слободи пред Одделот. Истовремено, оваа иницијатива има за цел да влијае превентивно врз вработените во МВР, со што ќе се подобри квалитетот на нивната работа.

Најважната крајна цел е сузбивање на корупцијата во редовите на Министерството за внатрешни работи и зголемување на довербата на граѓаните во институциите на државата.ар/са/

Фото: МВР

Остани поврзан