• понеделник, 01 јули 2024

Норис за продолжување на договорот со Мекларен: Пораснав во овој тим и тука се чувствувам како дома

Норис за продолжување на договорот со Мекларен: Пораснав во овој тим и тука се чувствувам како дома

Лондон, 27 јануари 2024 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис го коментираше обновувањето на договорот со тимот. 

- Тоа е прекрасно чувство. Пораснав во Мекларен и тука се чувствувам како дома, тимот ми е како семејство. Досегашното патување беше возбудливо, имавме подеми и падови, но минатата сезона ја покажа нашата желба да се вратиме во борбата за првото место на патеката. Работата што Зак Браун, Андреа Стела и целиот тим ја направија во текот на изминатата година беше неверојатна и уверен сум дека можам да се натпреварувам за победи. Со нетрпение очекувам да продолжам да работам напорно со сите во Мекларен во следните неколку години, рече Норис, цитиран од прес-службата на Мекларен.

Според извештаите на медиумите, договорот на 24-годишниот пилот трае до крајот на сезоната 2027 година и вклучува опции за продолжување.

Британецот вози за Мекларен од 2018 година. Минатата сезона го освои шестото место во пордокот во Формула 1 шампионатот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан