• понеделник, 01 јули 2024

Јувентус и официјално се засили со Даглас Луиз

Јувентус и официјално се засили со Даглас Луиз

Торино, 30 јуни 2024 (МИА) - Јувентус и официјално го објави потписот на играчот од средниот ред на Астон Вила, Даглас Луиз.

Сумата на трансферот е 50 милиони евра, а „бјанконерите“ ќе ја платат на четири рати. Одделно се ставени бонуси во износ од 1,5 милиони евра.

Во правец на Бирмингем одат Самуел Ајлинг-Џуниор и Енцо Баренечеа. Според Фабрицио Романо, овие зделки се во вкупна вредност од 22 милиони и се одвоени од трансферот на Луиз.

Дваесет и шест-годишниот Бразилец минатата сезона постигна девет гола на 35 натпревари во Премиер лигата и беше важен за Астон Вила во пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Договорот на Луиз со Јувентус е на пет години. Во моментов со репрезентацијата на Бразил учествува на Копа Америка. дс

Фото: Твитер/Јувентус

Остани поврзан