• четврток, 22 август 2024

Нов испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО

Нов испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Блок 1 на РЕК Битола околу 12 часот прекина со работа заради испад на 110 киловолтен далновод на АД МЕПСО. Редовното и нормално функционирање на Блок 1 беше прекинато бидејќи во критичниот момент, постројката не можеше да ја испорача произведената електрична енергија кон македонскиот електроенергетски систем, по што согласно сигурносните протоколи блокот беше исклучен, соопшти АД ЕСМ.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија во неколку населби во Битола во истиот период кога без напон остана и Блок 1 на РЕК Битола се должи на истиот проблем, предизвикан од далеководот на МЕПСО и нема никаква поврзаност со работата на комбинатот.  

Паралелно, без проблеми се одвива производството на електрична енергија од Блок 2 на РЕК Битола бидејќи постројката е поврзана со електропреносниот систем на АД МЕПСО преку друг, 400 киловолтен далновод. На Блок 3 во тек се ремонтни активности.

Денешниот испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во преносната мрежа на АД МЕПСО е трет во период од 40тина дена. Стручни лица од РЕК Битола работат на надминување на состојбата и повторно ставање во функција на Блок 1, стои во соопштението од АД ЕСМ.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан