• сабота, 21 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Разочарувачко интервју на Арсовска, нека го спаси Скопје и нека си даде оставка

ВМРО-ДПМНЕ: Разочарувачко интервју на Арсовска, нека го спаси Скопје и нека си даде оставка

Скопје, 21 август 2024

Данела Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното. Сите други и се виновни, само таа не е. А истата е градоначалник и единствено одговорна за хаосот во Скопје.

Данела Арсовска од градоначалник на најголемата локална самоуправа во државата, неуспешно бараше кој град е полош од неа, еве да и ги скратиме маките на Арсовска, полош град и градоначалник од неа нема.

Данела Арсовска стана единица мерка за неспособност и криминал.

Единствена работа која истата треба да ја работи е да го чисти ѓубрето од улиците и да има ефикасен јавен превоз, и овие две работи истата не може и е неспособна да ги прави.

Арсовска треба што побрзо да си даде оставка и да ги спаси Скопјани од маките во кои самата ги втурна.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на интервјуто на Данела Арсовска

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан