• недела, 22 декември 2024

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат

Скопје, 21 август 2024

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска е во Битола кадешто се сретна и со наставниците од овој град. 

-Разочарувањето од тоа што оваа година ќе ја започнат школската година без покачени плати е големо и тоа јасно ми го пренесоа.  Покрај наставниците има големо разочарување и кај сите останати работници кои школската година ја започнуваат со зголемени трошоци за живот и најави дека нема да се зголемуваат платите. Прекинот на трендот на постојан раст на платите, вклучително и на минималната плата која што СДСМ успешно го спроведуваше 7 години, е на директна штета на работникот и го загрозува животниот стандард на граѓаните. Денеска гледаме дека трошоците за живот се покачени а платите не се зголемуваат, што апсолутно значи дека животот за граѓаните станува потежок, рече Филипче.

СДСМ останува партнер на работниците, на граѓаните и на синдикатите и ќе вршиме притисок врз владата да го смени планот, додаде претседателот Филипче.

-Преку Собранието, но и преку сите демократски механизми кои ни се на располагање ќе вршиме притисок врз актуелната власта да ги промени погрешните политики, да го смени планот и да овозможи платите да продолжат да растат, рече претседателот Венко Филипче, денеска во Битола.

Филипче рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги приватизираше највиталните органи на државата и дека никој не знае што се случува на границата со Косово.

-Контролата на границите е целосно партизирана што ја доведува во опасност државата. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше законско работење, но добивме Влада која ги приватизираше највиталните органи на државата како МВР и граничните премини. Никој не знае што се случува на границата со Косово откако ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ја има под контрола, рече Филипче.

Безбедносната состојба во државата се влошува, додаде тој потенцирајќи ги нерасчистените убиства, пукањата и пресметките на криминалните структури, како случајот кај Мавровка вчера кој ја потресе јавноста.

-МВР е целосно нефункционална институција и безопасна за криминалците откако ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски ја раководат. Имаме осум убиства и обиди за убиства само за шест месеци само едно расчистено. СДСМ ќе продолжи силно да притиска и ги објавува сите катастрофални политики и работење на Владата со цел да се подигне свеста дека состојбата е драматично влошена во однос на безбедноста, рече претседателот Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100.000 гласови од изборите до сега. Големо е разочарувањето во јавноста дури и кај оние кои гласаа за нив, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

-ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите ветувања во јавноста, особено во делот на политичка одговорност. Нема одговорност за никој кој го прекршил законот. Нема одговорност за Гаши, за началниците на границата, за партиски кадри кои се фатени во криминал, рече Филипче.

Наши гласачи кои не гласале или решиле да не казнат масовно пристапуваат назад, СДСМ се консолидира и од оваа есен започнува организирано и силно политички да делува. Верувам дека можеме брзо да го подобриме резултатот и да се вратиме на победнички патеки. СДСМ е единствена партија која може да го победи ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Филипче.

ЗНАМ и Максим Димитриевски откако се влезени во власта потврдија дека ги интересирале само фотелјите, додаде тој. 

-Тие поддржуваат антисоцијадемократски политики и се само подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Она што јас прв го алармирав сега се покажува како точно а тоа е дека неговата улога беше само да го подели СДСМ, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Битола.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан