• недела, 22 декември 2024

Меџити: Уште нема конечна одлука Коалицијата „Вреди“ да стане еден политички субјект

Меџити: Уште нема конечна одлука Коалицијата „Вреди“ да стане еден политички субјект

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање и претседател на Демократското движење која е дел од Коалицијата Вреди, Изет Меџити изјави дека веќе е отворено прашањето Коалицијата „Вреди“ да се стопи во еден политички субјект, но како што рече, уште не донеле конечна одлука. 

-Отворено е ова прашање внатре во „Влен“, и пред изборите и по изборите, разговарано околу ова со контра аргументи, веќе е отворено прашање. Мислам дека заеднички заклучок е дека брендот „Влен“ е тој што направи промена во албанскиот кампус, дојдовме до победа и до промена, кога се споивме сите. Треба да се има предвид дека оваа коалиција е една година, сега значи полни една година, која направи голема работа, донесе промена по 22 години во албанскиот кампус. Едно знам дека нема ниту да форсираме, ниту да оставиме онака да тече, туку во прав момент ќе одлучиме. Во моментот значи „Влен“ е чадор на овие четири-пет политички субјекти. Кај повеќето е мислењето дека треба да биде еден политички субјект, да се стопи во едно, рече Меџити во вечерашното гостување на „Вести плус“ на Телевизија Канал 5.

Меџити потенцира дека тој не претендира да биде лидер на „Влен“ доколку коалицијата стане еден единствен политички субјект.

-Не претендирам значи да бидам лидер на „Влен“, тоа ќе оставам на процесот. До тука стигнавме заедно и со заеднички придонес на сите субјекти. И мислам дека имаме политички капацитет и демократски да го најдеме најдоброто решение и ова да биде главен фактор во албанскиот кампус, рече првиот вицепремиер Меџити. фф/ев/

Фото: МИА Архива/Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан