• вторник, 05 ноември 2024

Нов Зеланд се откажа од намерата да им овозможи на 16-годишниците да гласаат на локални избори

Нов Зеланд се откажа од намерата да им овозможи на 16-годишниците да гласаат на локални избори

Велингтон, 26 јануари 2024 (МИА) - Владата на Нов Зеланд денеска го повлече законот кој, доколку еше усвоен, ќе им овозможеше на 16-годишниците да гласаат на локалните избори.

Највисокиот суд на островската држава кон крајот на 2022 година пресуди дека сегашната минимална возраст за гласање од 18 години е дискриминаторска, што го поттикна Парламентот да расправа дали таа треба да се намали.

Минатата лабуристичка влада во 2023 година ја отфрли можноста за намалување на возраста на 16 години за гласање на парламентарни избори, но се обиде да ја намали за локалните избори. Не успеаја да го спроведат во закон затоа што се повлекоа од власт на крајот на минатата година.

Министерот за локална самоуправа Симеон Браун рече дека побарал да се повлече законот бидејќи нема поддршка од новата влада предводена од Националната партија.

„Make it 16“, непартиска организација која се залага за намалување на возраста за гласање, рече дека исклучувањето на 16 и 17-годишниците од изборниот процес е срам за демократијата.

„Демократија е кога гласачите ги избираат своите политичари, а не кога политичарите ги избираат своите гласачи“, објави организацијата на платформата Х. ссм/

фото: архива

Остани поврзан