• сабота, 04 мај 2024

Новоизбраниот претседател на Тајван назначи нови министри за надворешни работи и одбрана

Новоизбраниот претседател на Тајван назначи нови министри за надворешни работи и одбрана

Тајпеј, 25 април 2024 (МИА) – Новоизбраниот претседател на Тајван Лаи Чинг-те, кој треба да ја преземе власта во мај, денеска именуваше нови министри за надворешни работи и за одбрана, бидејќи островот се соочува со тековни воени закани и дипломатска изолација од Кина.

Чинг-те го именуваше сегашниот секретар на претседателот, Лин Чиа-лунг, за нов министер за надворешни работи, додека Велингтон Ко стана министер за одбрана. Лин претходно беше градоначалник на најголемиот тајвански град Таичунг, а Ко, кој е адвокат, беше на чело на советот за национална безбедност под актуелниот претседател Цаи Инг-вен, кој ја напушта функцијата по два четиригодишни мандати. И двајцата се членови на владејачката Демократска напредна партија.

Тајван последните години ја зајакнува својата одбрана од Кина со нови бродови, подморници, воени авиони, ракетни системи и други копнени одбранбени системи.

Во јануари Лаи Чинг-те победи на претседателските избори во Тајван, остров кој Кина го смета за составен дел од својата територија што треба да се обедини со татковината. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан