• сабота, 23 ноември 2024

Николовски: Субвенциите се исплаќаат навреме, сточарите веќе од денеска ќе ги имаат за 2024 година 

Николовски: Субвенциите се исплаќаат навреме, сточарите веќе од денеска ќе ги имаат за 2024 година 

Штип, 9 февруари 2024 (МИА) - Сточарите денеска и утре на сметка ќе ги имаат субвенциите за 2024 година, во наредниот период започнува исплатата на субвенции за полјоделците, градинарите, а до празникот „Свети Трифун“ пари ќе добијат и лозарите. Ова денеска од Светиниколскиот регион  го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. По најавите на земјоделците од кочанско дека ќе протестираат ако не добијат субвенции до крајот на месецот, Николовски одговори дека 2024 година ќе биде историска бидејќи се исплаќаат субвенции за истата година.

- Платежната аагенција веќе започнува со исплати на останатите субвенции, односно први исплата ќе добијат сточарите кои во 2023 година не беа опфатени во делот на основната исплата. И повторно 2024 година ќе биде историски прва година за сточарите кога ќе добијат пари во 2024 година за 2024 година. Се подготвуваат сите исплати за полјоделците, за лозарите пред „Свети Трифун“, за градинарите, вели Николовски.

Дециден е дека и зелената нафта се исплаќа најредовно досега, додавајќи дека земјоделците уште во август добиле картички за зелена нафта.

-Зелената нафта се исплаќа најредовно, тоа се случува во мај постапката за избор на оператор и немало никаков застој во тој дел, рече Николовски.

Само во светиниколско 2.500 земјоделци веќе добиле картички за зелена нафта, а потрошената вредност е речиси два милиони денари. вдј/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан