• вторник, 15 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ѓурѓај му врачи благодарница на Љуфтим Спахиу,  в.д. македонски амбасадор во Тирана

Ѓурѓај му врачи благодарница на Љуфтим Спахиу,  в.д. македонски амбасадор во Тирана

Тирана, 4 април 2025 (МИА) - Во просториите на Македонската амбасада во Тирана, претседателот на Македонското друштво „Илинден“ Никола Ѓурѓај  денеска му врачи благодарница на Љуфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор, што друштвото му ја додели по повод 16-годишнината од формирањето.

-Ми беше посебна чест и задоволство во името на нашето друштво и во името на македонско национално малцинство во Република Албанија лично да му ја предадам благодарницата „Илинден“ на  вршителот на должноста амбасадор, Љуфтим Спахиу, рече Ѓурѓај за МИА. Додава дека признанието му се доделува за неговиот  особен  придонес и заслуги за друштвото и македонското национално малцинство.

На врачувањето на признанието присуствувал и Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Исто така Ѓурѓај, кој е главен и одговорен уредник на весникот „Илинден“ на Амбасадата и донира примероци од последното издание на ова гласило на Македонците.

МД „Илинден“-Тирана, чија главна мисија е заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски идентитет во Република Албанија, е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана. вт/мд/

Фото: Ѓурѓај ФБ

 

Остани поврзан