• недела, 17 ноември 2024

Николовски од Пробиштип: Истокот од најзапоставен регион во државата стана регион во кој најмногу се инвестира

Николовски од Пробиштип: Истокот од најзапоставен регион во државата стана регион во кој најмногу се инвестира
Скопје, 21 јули 2021
 
Истокот од најзапоставен регион во државата стана регион во кој најмногу се инвестира, се вложува и тоа го гледаме на дело секој ден, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.
Тој нагласи дека во време на СДСМ отстранети се сите пречки и изграден е автопатот Скопје-Штип, изграден е експресниот пат од Три Чешми до Крупиште, а во петок ќе биде пуштен патот од Крупиште до Пробиштип, еден од главните приоритети, битен инфраструктурен капитален проект, особено за Пробиштип.
Се гради низ целата трета изборна единица, се гради низ целиот Исток, се гради експресниот патот од Ранковце до Крива Паланка, од Крива Паланка до Деве Баир, се гради експресниот пат накај Кочани, се изградија сите регионални патишта во регионот и се она што го правиме се прави после 30, 40, 50 години, нагласи Николовски.
Истокот не смее да скршне од овој курс од овој прав пат, затоа мора да продолжиме со поддршка на најдобрите концепти, на најдобрите кандидати, на најдобрите програми, а тоа го нуди СДСМ, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.
На секому му е јасно, сите знаат а тоа е потврдено и со анкети на јавното мислење, „Најдоброто“ е во СДСМ, порача вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.
- Денеска анкета на „Брима“ потврди дека Најдоброто е повторно во СДСМ и затоа треба да се гордееме за се она што го правиме, затоа што го правиме чесно, искрено одговорно, со многу труд и посветеност во интерес на граѓаните. Денеска покажавме не на било која анкета, туку на анкета на Брима, дека СДСМ има водство пред ВМРО-ДПМНЕ и тоа водство се зголемува, дека заедно со коалицијата имаме сериозно водство, дека го имаме единствениот концепт кој нуди подобра иднина и за младите и за сите граѓани во оваа држава, посочи Николовски.
Генералниот секретар Николовски истакна дека за разлика од СДСМ која постојано се манува за подобро да им служи на граѓаните, од друга страна во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.
- Од друга страна го имаме истото ВМРО-ДПМНЕ со целокупната криминална структура во врвот на партијата. Партија која цели четири години не се реформираше, а Мицкоски пред некој ден вели завршија реформите во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека од таму нема ниту ќе има квалитетна понуда ниту на кадри и програми. Единственото нешто што од нив го видовме овие години беа само блокади и кочници на иднината на држават и на се што е добро за граѓаните. Беа против укинување на радиодифузна такса, против зголемување на минимална плата, против проектот Мој ДДВ, против поголема социјална помош, против, зелена нафта, затоа што тие се учени парите од граѓаните да ги вадат надвор од државата и да го пљачкаат сопствениот народ. Силно се спротивставивме на тие погубни политики и затоа довербата на граѓаните во СДСМ расте и затоа ВМРО-ДПМНЕ денес не е опција, затоа што оттаму, граѓаните не можат да очекуваат ништо ново, порача Николовски во Пробиштип.
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип најави дека со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се отвора патот за уште еден крупен и значаен проект, покрај сите други капитални економски проекти, на кои како Влада и локална самоуправа сме фокусирани.
Со ребалансот се предвидени 60 милиони евра за мастер планот за развој на туризмот на Осоговието, за ски центарот Царев врв, кој ќе биде значаен капитален и туристички проект за целиот регион, нагласи Николовски.
Тој истакна дека со мастер планот  ќе почне развој на туризмот во целиот регион, ќе започне постапка за јавно-приватно партнерство, за наоѓање на стратешки инвеститор за овој значаен ски центар, за кој градоначалниците од овој регион изготвија физибилити студија.
Владата силно застана, за да дадеме силен фокус да се продолжи по истиот пат, Истокот да се развива со многу нови проекти, кои уште повеќе и уште подобро ќе го вратат животот во целиот регион ќе пратат порака младите да ги задржиме тука,  да ги вратиме и заедно да ја развиваме татковината, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан