Фотоволтаична централа на кровните површини на основните училишта во општина Ѓорче Петров
- - Со денеска потпишаниот Договор за ЈПП и со реализацијата на овој проект, Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата фотоволтаична централа на кровна површина на јавни објекти во Република Македонија, со што се прави значаен чекор кон енергетска независност и користење на обновливи извори на енергија, најави општинската прес-служба.
Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Кровна фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 2,1 мегават ќе биде инсталирана на кровните површини на основните училишта на територија на општина Ѓорче Петров преку јавно-приватно партнерство (ЈПП).
-Со денеска потпишаниот Договор за ЈПП и со реализацијата на овој проект, Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата фотоволтаична централа на кровна површина на јавни објекти во Република Македонија, со што се прави значаен чекор кон енергетска независност и користење на обновливи извори на енергија, најави општинската прес-служба.
Проектот појаснуваат дека се реализира без финансиски импликации врз буџетот на општината, а според предвидените параметри, општината ќе остварува најмалку 6 милиони денари годишен приход, што треба да овозможи дополнителни инвестиции во инфраструктура, образование и проекти во интерес на граѓаните.
- Поставувањето на фотоволтаичните системи ќе придонесе за намалување на трошоците за електрична енергија, зголемување на енергетската ефикасност и значајна заштита на животната средина, преку производство на чиста енергија. Со оваа иницијатива, Општина Ѓорче Петров поставува нов стандард во примената на современи и одговорни политики во локалната самоуправа, истовремено создавајќи пример што може да го следат и други општини во државата, се вели во соопштението.лв/вј/
фото: Општина Ѓорче Петров