• понеделник, 16 март 2026

Црвен крст Крива Паланка организира ликовен конкурс „Капка што спасува живот“

Црвен крст Крива Паланка организира ликовен конкурс „Капка што спасува живот“

Крива Паланка, 16 март 2026 (МИА) - По повод денот на крводарителството, 17 март, општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка распиша ликовен конкурс „Капка што спасува живот“ со цел поттикнување на хуманоста преку уметноста и креирање приказни што можат да инспирираат нови дарители на драгоцена течност.

-Дарувањето крв може да спаси живот, а уметноста може да инспирира, да поттикне хуманост и да раскаже приказна што менува животи. Затоа, по повод 17 март – Денот на крводарителството, организираме ликовен конкурс на тема „Капка што спасува живот“, со цел преку уметноста на младите да се подигне свеста за значењето на доброволното крводарителство. Со овaa иницијатива сакаме преку креативноста на младите да ја пренесеме пораката за важноста на доброволното крводарителство. Секоја дарувана единица крв може да спаси живот, а преку уметноста младите имаат можност да покажат колку хуманоста и солидарноста се важни вредности во нашето општество, изјави секретарот на ОО Црвен Крст Крива Паланка, Маја Илиевска.

Нагласи дека веруваме оти ваквите иницијативи не само што ја поттикнуваат креативноста кај учениците, туку и ја градат свеста за тоа дека секој од нас може да биде херој и да помогне некому во најтешките моменти.

Конкурсот е отворен за ученици од основните и средните училишта, а делата ќе бидат оценувани и наградени во две категории, основци, ученици од шесто до деветто одделение и средношколци.

Конкурсот трае заклучно со 25 март 2026, а делата можат да се достават во просториите на Црвен крст Крива Паланка. ид/вј/

Фото: Плакат

Остани поврзан