• четврток, 10 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нивото на Вардар во Велес за една недела двојно зголемено, но засега нема опасност од излевање

Нивото на Вардар во Велес за една недела двојно зголемено, но засега нема опасност од излевање

Велес,1 април 2025 (МИА) - По обилните и непрекинати врнежи од дожд во изминативе денови Вардар во Велес на мерното место кај Стар Мост денеска бил 160 сантиметри и е зголемено двојно споредено со пред една недела, но засега нема опасност од излевање, а за што е потребно покачување на нивото од критични над 250 сантиметри, информира за МИА, Атанас Угрински од УХМР.

Воедно информира дека вчера Вардар во Велес бил 152, а завчера во неделата бил 138 сантиметри, со што за два дена нивото на водата е зголемено за 22 сантиметри.

Инаку, за споредба на 26 март нивото на Вардар во Велес било 88, а наредниот ден на 27 март 86 сантиметри,а споредено со денешните 160 сантиметри е скоро двојно повеќе.

Просекот на нивото на Вардар во Велес за април е 111 сантиметри. ад/ев/

ФОТО: Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан