Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини во август, изготвени 52 записници
- Еко-патролата на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје изготви вкупно 52 едукативно-информативни записника за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров, известуваат од Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје.
Скопје, 14 септември 2023 (МИА) - Еко-патролата на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје изготви вкупно 52 едукативно-информативни записника за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров, известуваат од ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.
Како што информираат од претпријатието, Еко-патролата врши секојдневен надзор и дежурства на дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини.
-Воедно, во рамките на тековната седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 180 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците „Крсте Асенов“ и „Методија Митевски“ во општината Чаир, на улицата „Алија Авдовиќ“ во општината Гази Баба, како и во непосредна близина на фонтаната во Градскиот парк, се вели во соопштението. сх/лв/
Фото: