На Кипар се загрева битката за спас на белоглавиот мршојадец: „Тоа е сериозен проблем“
- Тие се од витално значење за екосистемот, играат клучна улога во намалување на емисиите на стакленички гасови и за љубителите на птици претставуваат екотуристичко задоволство. Но, на Кипар, к
22 октомври 2022
Гардијан
Тие се од витално значење за екосистемот, играат клучна улога во намалување на емисиите на стакленички гасови и за љубителите на птици претставуваат екотуристичко задоволство. Но, на Кипар, каде зголемената употреба на отровни мамки резултираше со практично исчезнување на белоглавиот мршојадец, активисти се фрлаат во акција.
- Ние имавме само осум низ островот. Тоа е најмалиот број во која било земја во Европа, посочи Мелпо Апостолидоу во БрдЛајф Кипар, што го координира проектот „Живот со мршојадци“ финансиран од ЕУ за зајакнување на она што некогаш беше просперитетна популација.
Битката за заживување на најзагрозената птица грабливка на медитеранскиот остров беше турбо минатата недела кога осум грифони, увезени од Шпанија, беа пуштени во дивината. За орнитолозите, овој потег не е дојден ниту еден миг предоцна.
- Нема време за губење. Да се надополни е од витално значење. Ние пуштивме 15 во септември, а ќе донесиме уште 15 наредниот месец пред да ги ослободиме и нив напролет, информираше Апостолидоу.
Промена на земјоделските техники и намалување на основните продукти од достапната храна делумно се виновни за падот на птицата, чија улога на чистење како рециклатор на природни трупови се смета за суштинска. Така е и со губењето на природните живеалишта и судирите со надземните далноводи.
На Кипар, традицијата на употреба забранети отрови за да се намали бројот на оние кои се сметаат штетници, особено лисиците и кучињата, исто така се гледа како голема причина што грифон станува критично загрозен.
Изминатата година, бројките нагло се намалија бидејќи тие се хранат со затруена мрша.
- Тоа претставува сериозен проблем, подвлече Никос Касинис, висок офицер во островската Служба за игра и фауна.
По со векови постоење колонии на белоглав мршојадец низ целата земја, сега има само една колонија за гнездење високо на карпите во областа на британската суверена база.
Според Касинис, властите направија чекор со Службата за игра и фауна поставувајќи места за храна за птиците. Претходно годинава, единиците за кучиња, гранични војници специјално тренирани да откријат отровна мамка и отруени жртви, почнаа да патролираат во руралните области.
Надополнување на видот ќе биде добро за природата и индикативно за локалното целовкупно добро на екосистемот, тврдат заштитниците. Неодамнешни студии покажаа оти мршојадците не само што обезбедуваат тоа што проектот на ЕУ го опиша како „исплатлива и еколошки корисна услуга за отстранување труп“, туку играат и централна улога во регулирање на ширењето на болести како беснило.
Во Европа, Шпанија ја има најголемата популација на грифон мршојадци, со најновите увози што ќе бидат ослободени од птичарникот за аклиматизација во планините северно од крајбрежниот град Лимасол.
- Ние ќе ги набљудуваме внимателно, додаде Апостолидоу.
Како што тој појасни, грифон мршојадците се означени со ГПС предаватели за да се следи нивното движење.
- Шпанските птици се малолетници и многу е важно тие да се мешаат и да учат од локалните птици. Досега, мило ни е да известиме дека и покрај тоа што сè уште е рано, некои од нив го прават токму тоа, истакна Апостолидоу.
Приказните за моќта на белоглавите мршојадци се легендарни. Орнитолозите снимиле една птица, мажјак, именувана по богот на виното Дионис, како 33 дена бдеела над јајцето со идното младенче, на грчките планини Родопи, откако ја изгубил својата женска партнерка во моментот на инкубација.Подвигот се сметаше за показател за родителските вештини на мршојадците.
Во Грција како и во Бугарија, локалните популации, некогаш исто толку опасно ниски, постепено се обновуваат. Но, со толку ниски бројки во Кипар, активистите тврдат оти не можат да си дозволат да бидат сангвисти.
- Замислете ние воопшто да не донесевме птици. Грифон мршојадецот ќе беше исчезнат, но, да се справиме со проблемот со труење сега исто така мора да биде приоритет, подвлече Апостолидоу. бд/ссм/