На ГП Табановце се чека околу 30 минути
- На граничниот премин Табановце утрово се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Скопје, 28 јуни 2025 (МИА) - На граничниот премин Табановце утрово се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. бак/
Фото: МИА архива