Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Пакистан
- Најмалку 14 лица ги загубија животите во поплавите во северозападен Пакистан, вклучително и 11 членови на едно семејство, соопштија денеска официјални лица.
Исламабад, 30 јули 2024 (МИА) - Најмалку 14 лица ги загубија животите во поплавите во северозападен Пакистан, вклучително и 11 членови на едно семејство, соопштија денеска официјални лица.
Обилните монсунски дождови предизвикаа поплави во провинцијата Кибер Пактунхва.
Куќата била поплавена додека семејството спиело, а извлечени се телата на еден маж, три жени, како и шест деца и бебе, изјави портпаролот на итната служба Билал Фаизи. паг/
Фото: ЕПА