• петок, 22 ноември 2024

Протест на учениците и студентите во Атина поради проблемите во образовниот систем, но и за поддршка на Палестинците

Протест на учениците и студентите во Атина поради проблемите во образовниот систем, но и за поддршка на Палестинците

Атина, 4 ноември 2024 (МИА) – Учениците и студентите во Грција организирани од нивните здруженија денеска одржаа мирни протести во низа градови, меѓу кои и Атина за да побараат подобри услови во училиштата и факултетите, но и за да изразат поддршка за Палестинците, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестот во грчката метропола заврши мирно, но и со мало учество на ученици и студенти.

Во текот на протестниот марш низ атинските улици студентите побараа да се реши проблемот со недостигот на наставници и професори, истакнаа дека студирањето треба да биде бесплатно, но и побараа пари за образованието, наместо за војна.

Пред грчкиот Парламент подигнаа паноа со податоци и бројки за како што пишуваше „Една година геноцид во Газа“. Според нив загинале 11.057 ученици и 716 студенти, 77 училишта биле целосно уништени.

Паралеллно имаа и палестински знамиња и извикуваа „Слобода за Палестина“. ср/ми/

Фото: МИА

Остани поврзан