• петок, 28 јуни 2024

Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска

Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска

Загреб, 16 мај 2024 (МИА) – Во сообраќајна несреќа кај Сињ во Хрватска утрово загинаа четири лица за кои полицијата се сомнева дека се мигранти, а уште неколку се повредени.

Како што јавија хрватските медиуми помеѓу загинатите е и дете на 14-годишна возраст.

Според медиумите, за време на полициската потера од Триљ кон Брназ, автомобил „Ауди“ со унгарски регистарски таблички, бегајќи од полицијата, поради несоодветна брзина удрил во ѕид од трафостаница при што загинале четири лица. Во сплитската болница се пренесени пет лица со тешки повреди меѓу кои и дете.

Сплитската полиција соопшти дека патничкото возило излетало од патот, а потоа удрило во ѕид. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан